| |

ПОВЕЌЕМИНА ПОВРЕДЕНИ ВО ПУКАЊЕТО ВО ТРАМВАЈОТ ВО УТРЕХТ

Повеќемина се повредени при пукање во трамвај во Утрехт, Холандија, соопшти полицијата.

Надлежните велат дека неколку хеликоптери се распоредени за да им помогнат на повредените, а ги повикаа и граѓаните да останат подалеку од локацијата за да може да се направи место на спасувачите да ја пружат потребната помош.

Полицискиот портпарол соопшти дека се земени предвид сите можни причини за инцидентот, вклучувајќи и терористички мотив.

Премиерот Марк Рут рече дека е длабоко загрижен за инцидентот.



Слични Објави