| | |

(Видео) Бесплатен курс по бугарски јазик за почетници во романскиот град Темишвар

За членовите на локалната заедница во романскиот град Темишвар се отвора нова можност поблиску да се запознаат со бугарската култура и јазик. Западниот универзитет (Universitatea de Vest) објави дека започнува регистрацијата за бесплатен курс по бугарски јазик за почетници, а уште во првиот ден пристигнале девет пријави, пренесува БНР.

Предавањата ќе почнат на 24 ноември 2025 година и ќе бидат водени од предавачи кои се носители на јазикот. Часовите ќе се одржуваат еднаш неделно, по 90 минути, во просторите на универзитетот. Обуката ќе комбинира граматика, лексика, како и запознавање со културата, традициите и историјата на Бугарија.

Иницијативата ја најави Светлана Караџова – бугарка со банатски корени и дел од тимот на универзитетот – преку објава на Фејсбук. Курсот е дел од програмата на Факултетот за филологија, историја, филозофија и теологија, кој нуди и настава по турски јазик.

Учеството е целосно бесплатно, но бројот на места е ограничен. Заинтересираните можат да се пријават до 20 ноември.



Слични Објави