„ТРАЕКТОРИЈА“, АДВОКАТИТЕ ПОБАРАА ПРЕКИН НА СУДЕЊЕТО ПОРАДИ ПОСТАПКАТА ЗА ЈАНЕВА
Правните застапници на обвинетите во случајот на СЈО, „Траекторија“, за време на денешното судско рочиште побараа прекин на судењето сѐ додека не се разреши постапката за разрешувањето на Јавната обвинителка, Катица Јанева.
Адвокатот Еленко Миланов рече дека согласно Кривичниот законик, Специјалниот обвинител во овој случај, Лиле Стефанова, нема овластување да го застапува пред органите на прогонот додека Советот на јавни обвинители ја води постапката за разрешување на Јанева, осомничена во случајот „Рекет“. Сите понатамошни чекори во случаите на СЈО, според него, ќе бидат нелегални. Миланов сака да се исклучи Лиле Стефанова од процесот. На судечкиот совет и судијата Горан Бошев, останува да одлучат дали судењето ќе продолжи.