| |

КОВАЧЕВ: НИТУ ЕДЕН БУГАРСКИ ПОЛИТИЧАР НЕМА ДА ГИ ПОТПИШЕ ВАШИТЕ ИСТОРИСКИ ЛАГИ

Бугарскиот европратеник, Андреј Ковачев на својот Facebook профил реагираше на изјавите на претседателот на РСМ, Стево Пендаровски дека Македонија нема со кого да преговата во Софија во врска со проблемот со историјата.

„Се чини дека некои луѓе продолжуваат да живеат во свет со паралелна реалност или се преправаат дека се погодени. Според претседателот на Македонија, Пендаровски, најголемиот проблем беше што Скопје денес нема со кого да преговара во Бугарија за да се најде компромисно решение пред јуни“, се огласи на социјалните мрежи, бугарскиот европратеник, Андреј Ковачев.“

Тој поставува прашање до претседателот и сите што го мислат истото: „Тогаш што чекавте досега за да преговарате со Бугарија и да најдете решение?“.

„Зошто од 2017 година до сега, не само што не сакавте решение, туку само ги одложувавте и одложувавте состаноците, ја префрлавте топката, претпочитавте да плаќате скапи лобисти – советници за премиер, како што се оние од словенечкиот институт ИФИМЕС, за да ја оцрнат Бугарија на западот, метрополите да ги замолат да извршат притисок врз „лошите Европејци“ од Бугарија. Наместо да се фокусирате на единствениот вистински проблем – заедничката историја, која постојано се обидувате да ја негирате и манипулирате“, смета Ковачев.

Според него, 13-те состаноци на Заедничката историска комисија, вклучувајќи ги и минатонеделните, ја докажале „вашата целосна неподготвеност да промените нешто во вашите учебници, што дури нејасно сугерира дека во минатото Бугарите и Македонците биле еден народ – бугарски, кои зборувле на бугарски јазик“.

„Колку побрзо сфатите дека нема бугарски политичар на власт, дури и најлиберален, кој ќе ви потпише бел чек без вие да ги менувате историските лаги, толку побрзо ќе имаме решение и ќе се отвори европскиот пат на С. Македонија. Сè зависи од вас, не од Вашингтон, Берлин, Виена, Прага, ниту од Софија“, стои во објавата на Ковачев на неговиот Фејсбук профил.



Слични Објави