МТСП: ВЕЛИКИ ПЕТОК Е НЕРАБОТЕН ДЕН ЗА ГРАЃАНИТЕ ОД ПРАВОСЛАВНА ВЕРОИСПОВЕД ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

/

Од Министерството за труд и социјална политика (МТСП) соопштуваат дека согласно со Законот за празниците на Република Македонија („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07), денешниот ден, петок, 30-ти април, Велики Петок, пред празникот Велигден, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Македонија.

Исто така, понеделник, 3-ти мај, вториот ден на Велигден според православниот календар, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.



Од Министерството за труд и социјална политика, на граѓаните од православна вероисповед во Република Македонија им го честитаат големиот христијански празник Велигден.

Претходна статија

КОВАЧЕВ: НИТУ ЕДЕН БУГАРСКИ ПОЛИТИЧАР НЕМА ДА ГИ ПОТПИШЕ ВАШИТЕ ИСТОРИСКИ ЛАГИ

Следна статија

СЕЛА И ГАШИ: ПЕНДАРОВСКИ НЕ ОТВОРИ УСТА ЗА МОНТИРАНИТЕ СЛУЧАИ ПРОТИВ АЛБАНЦИ, А ДЕБАТИРА ЗА ТЕРОРИСТИТЕ ВО СОБРАНИЕТО

Најново од Вести