СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА ЗА ТУРИЗАМ ОД ОХРИД И ВЕЛИКО ТРНОВО СО ДОГОВОР ЗА ИДНА СОРАБОТКА

//

На 30.08.2019 год.во просториите на Општинското училиште за туризам и угостителство ,,Ванчо Питошески “ се одржа средба на директорите на средните училишта ОУТУ „Ванчо Питошески“ гр.Охрид г-н Марјан Радески и Професионалната гимназија за туризам „д-р.Петар Берон“ гр.Велико Трново г-ѓа Татјана Данчева.

На средбата организирана со посредништвото на МБП-Охрид, беше договорена соработка помеѓу двете училишта, за заедничко подготвување и учество во европски проекти ,взаемна размена на ученици т.е. практична работа и ред други богати содржини. Г-ѓата Данчева ги покани своите љубезни домакини да го посетат Велико Трново. Потсетуваме дека гр.Охрид и гр.Велико Трново се побратимени градови.





Претходна статија

П. АТАНАСОВ: СЕКОЈА УТКА НА СДСМ МНОГУ СКАПО ЈА ПЛАЌАМЕ

Следна статија

МАЖ ПРОНАЈДЕН ПОЧИНАТ ВО ОПОЖАРЕНО ВОЗИЛО

Најново од Вести