12-годишно Бугарче го освои европскиот врв во шахот
Иван Кукушин е новиот европски шампион во забрзан шах за момчиња до 12 години, јавува БНР. На првенството на Стариот континент во забрзан шах и блиц за деца од 8 до 18 години, кое се одржува во Солун, Грција, младиот натпреварувач постигна огромен успех – златен медал и титула. Натпреварувачот од шаховскиот клуб “Младост” – Софија покажа исклучително силна игра, агресивен напаѓачки стил и смиреност, со што безапелационо го освои врвот на Европа!
„Иван ја донесе оваа огромна победа за Бугарија и покажа дека иднината на шахот кај нас е во сигурни раце! На турнирот учествуваат 22 млади бугарски таленти, кои исто така се претставија достојно!“, пишуваат од Бугарската спортска федерација за шах.

