| |

(Видео) Бугарскиот претседател Румен Радев ги награди пожарникарите што учествуваа во гасењето на пожарите во РС Македонија

Претседателот на Бугарија Румен Радев ги награди со ордени пожарникарите што учествуваа во гасењето на пожарите што минатото лето ги зафатија Бугарија и РС Македонија.

Комисар Георги Пармаков беше удостоен со орден „За заслуга кон граѓаните“ 2 степен. Со медал „За заслуга во борбата против непогодите и хавариите“ беа наградени главните инспектори Јулиан Петров, Димитар Бришимов, комисар Светослав Георгиев и помладите експерти Давид Галабов, Димитар Георгиев, Ангел Величков и Димитар Златков.

Слични Објави