|

ЕП ќе гласа да и биде одземена функцијата на потпретседателката Каили

Лидерите на политичките групи на Европскиот парламент едногласно одлучија на Ева Каили да ѝ биде одземена улогата на потпретседател, откако таа и другите се соочија со кривични пријави поради наводите дека добивале готовина и подароци од Катар. Претседателката на парламентот, Роберта Мецола, денеска изјави дека парламентот денеска ќе гласа и дека таа ќе престане да биде еден од 14-те потпретседатели на собранието. „Потпретседателката Каили, негира дека примила пари од Катар“, изјави во вторникот еден од нејзините адвокати во Грција.

Каили е меѓу четворицата уапсени и обвинети во Белгија во изминатиот викенд поради наводите дека Катар им давал пари и подароци за да влијае врз одлучувањето.

„Нејзиниот став е дека таа е невина, можам да ви го кажам тоа“, изјави Михалис Димитракопулос, адвокат кој ја застапува Каили во Грција.

„Таа нема никаква врска со финансирање од Катар, ништо – експлицитно и недвосмислено. Тоа е нејзиниот став“, рече Димитракопулос, додавајќи дека Каили „не преземала никаква комерцијална активност во нејзиниот живот“. Грција во понеделникот го замрзна имотот на Каили во земјата, а Европскиот парламент ја суспендираше од нејзините должности.

Извор: Zoom. mk

Слични Објави