|

Откритие на бугарски лекари дава надеж во лекувањето на ракот на гркланот

Бугарски научници откриле биомаркери кои го покажуваат полето на канцеризација при тумор на гркланот. Резултатите беа објавени во Scientific Reports – издание од портфолиото на Nature, едно од најпрестижните научни списанија во светот. Ова го соопштија од УМБАЛ „Царица Јоана – ИСУЛ“ и додаваат дека ова откритие дава надеж во лекувањето на болеста, јавува БТА.

Тимот кој работеше на проблемот е предводен од доц. д-р Тодор Попов, хирург во УНГ клиниката на УМБАЛ „Царица Јоана – ИСУЛ“. Добиените резултати се резултат од проект на Фондот „Научни истражувања“ на Медицинскиот универзитет-Софија. Тој е подготвен заедно со Центарот за молекуларна медицина, во кој учествуваат експерти од различни специјалности, меѓу кои и експертите за генетика Гергана Станчева, Силва Ќуркчијан, Вероника Петрова, Стилијана Панова и други.

Пет години деноноќна работа му биле потребни на младиот тим да дојде до откритието, велат од болницата. Бугарските експерти дошле до уште едно важно откритие. Успеале да изолираат микро РНК кои се прогностички маркер за преживување кај напреден карцином на гркланот. Со исти карактеристики на туморот, иста фаза, апсолутно идентичен третман, овие молекули буквално ги делат пациентите во две групи. Кај пациентите кои имаат високо ниво на овие молекули, преживувањето паѓа на 40 проценти, додека оние со ниски нивоа преживуваат околу 80 проценти. Тоа овозможува за првата група да се бараат специфични, насочени терапии за да се смени негативниот тренд.

Засега проектот е на хартија. Иако исклучително импресивни, податоците се сеуште теоретски, забележуваат бугарските специјалисти. Следната голема цел на научниците е да го применат своето научно откритие во пракса со тоа што ќе можат да го визуелизираат полето на канцер за време на операцијата. „Ова би ни дало можност да ја смениме парадигмата и да бараме нови линии за отсекување на туморот (границите во кои треба да биде пресечен)“, вели доц. д-р Тодор Попов.

Слични Објави