Бугарската амбасадата во Тел Авив побарала конзуларен пристап до бугарскиот државјанин од флотилата „Сумуд“
Во врска со пристигнатите прашања и медиумскиот интерес, Министерството за надворешни работи на Бугарија соопштува дека ја следи ситуацијата поврзана со т.н. Глобална флотила „Сумуд“ од моментот на нејзиното испловување. МНР на Бугарија навремено ги известило израелските власти дека меѓу странските државјани на бродот, кој е дел од флотилата, има и бугарски државјанин, јавува БНР.
Според нашите информации, истиот, заедно со државјани на повеќе други земји, е меѓу задржаните во рамките на израелската операција, посочуваат од МНР.
Израел ќе ги депортира активистите од пропалестинската флотила
Во моментот, задржаните лица поетапно се пренесуваат кон израелското пристаниште Ашдод. Локалните власти обезбедиле можност за медицинска грижа доколку има потреба.
Бугарската амбасада во Тел Авив побарала конзуларен пристап до бугарскиот државјанин, како и гарантирање на почитувањето на неговите права. Амбасадата останува во контакт со надлежните власти, ја следи ситуацијата и ќе информира навремено за секоја нова информација.
