Преку страница во Facebook Бугарите од селото Криничное во Украина ја презентираат својата традиционална кујна
Во украинското село Криничнoе (некогашно Чушмелии), во срцето на Бесарабија, локалните Бугари започнаа иницијатива за зачувување и промоција на своето кулинарно наследство преку нова Фејсбук страница. На страницата се објавуваат автентични рецепти на традиционални бугарски јадења од Берарабија, како и техники за нивна подготовка, пренесувани од генерација на генерација, јавува БНР.
Целта на проектот е да се зачува и сподели богатата гастрономска традиција на Бугарите во Бесарабија, поврзана со локалната историја, обичаите и празниците. Иницијаторите велат дека ова е начин да се одржи живо културното наследство на заедницата, особено во време на глобализација и миграции.
Претходно, на YouTube каналот на украинската јавна телевизија „Суспільне Мовлення“ беше објавен репортаж во кој жените од селото раскажуваат за подготовката на традиционалниот обреден леб – симбол на единството меѓу генерациите и чувар на спомените за предците.
Селото Криничное, лоцирано на брегот на езерото Јалпуг во Болградскиот реон на југот од Одеската област, било основано во 1813 година од 153 бугарски семејства преселени од Шуменска и Варненска област, пренесува БТА.

