ПРИВЕДЕН КУБАНЕЦ ВО БИТОЛСКО, САКАЛ НЕЛЕГАЛНО ДА ЈА ПРЕМИНЕ ГРАНИЦАТА

Полицијата приведе кубански државјанин кај село Драгош затоа што сакал нелегално да ја премине границата кон Грција.

Според информациите на МВР, вчера во 10 часот кај манастирот „Свети Илија“, полициски службеници го спречиле кубанскиот државјанин Х.С.А.(32) во обид нелегално да ја премине државната граница од Северна Македонија во Грција.

Тој бил приведен во Полициската станица „Меџитлија“, по што бил предаден на полициски службеници од СВР Битола за понатамошна постапка.