ПРОМОЦИЈА НА РОМАНОТ „ИСТАПЕНИ СЕЧИЛА“ НА АВТОРОТ ЗОРАН МИЛОШЕВСКИ

Во среда 6.11.2019 г. од 20.00 часот во галеријата на МКЦ ќе се одржи промоцијата на првиот дел од научнофантастичниот серијал „Последна граница. Книга ПРВА – Истапени сечила“ на авторот Зоран Милошевски. Серијалот е издание на ПНВ Публикации.

Промотор и модератор на културниот настан ќе биде Јулијана Величковска, а извадоци од книгата ќе чита Тамара Јолевска – Попов.