САД ќе продолжат да му доставуваат оружје на Израел и покрај спорните судски реформи
Стејт департментот соопшти дека Вашингтон нема да ја запре значителната воена помош за Израел и покрај напорите на владата, која вклучува екстремно десничарски и верски партии, да го ослабне судството во земјата, јави ДПА.
„Нема да има намалување или прекин на воената помош, а тоа е затоа што нашата посветеност кон Израел и нашата посветеност на безбедноста на Израел се непоколебливи“, рече портпаролот на Стејт департментот Ведант Пател.
„Нашето повеќедецениско партнерство со Израел е непоколебливо“, додаде тој.
САД го поддржуваат Израел со околу 3,8 милијарди долари годишно, од кои значителен дел оди за воена технологија и ракетна одбрана. Израел е земјата која ја доби најимпресивната воена помош од САД од крајот на Втората светска војна – до денес таа изнесува вкупно околу 158 милијарди долари. Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека нема да поставува услови за таа помош.