„ХаХаХа ИмПро театар“ со нова премиера во Бугарија

/

Доколку сакате интелигентен хумор и неконтролирано смеење, тогаш на 4-ти декември треба да присуствувате на премиерата на новата претстава на „ХаХаХа ИмПро театар“ во Софија, Р. Бугарија. „Подем и пад“ ја раскажува животната приказна на две лица од самиот почеток, информираат од трупата. Како и секогаш со учество на публиката, актерите ги пресоздаваат животите на двата херои до моментот кога едниот ќе тргне по патот на подемот, а другиот – по оној на падот.

Што, како и зошто ќе се случи? Кои се тие луѓе? Какви ќе бидат нивните ликови, соништа, желби, мисли, успеси и неуспеси? Ова се дел од прашањата чии одговори ќе ги даде претставата. Учествуваат Ивајло Рогозинов, Васил Бовјански, Живко Џуранов, Тони Карабашев, Александар Митрев. Домаќин на настанот е „Топлоцентрала“.

„Спектаклот е долга импровизациска форма и за прв пат се прикажува во Бугарија. Ликовите, местото, целта на ликовите и сите детали се земаат од публиката. Предизвикот за актерите во долгата форма е токму развојот на ликот, неговата приказна и градација/деградација.Од друга страна, форматот им дава можност на актерите да навлезат во човечките односи, стремежи и карактеристики со помош на публиката“, велат од „ХаХаХа ИмПро театар“.

„ХаХаХа“ е професионална трупа за импровизациски театар, формирана во 2009-та година, со стотина претстави на секакви локации. Во импро театарот нема сценарио и однапред одредени улоги.



Претходна статија

Проф. д-р Ангел Димитров: Инцидентот во Охрид е брутален акт на омраза

Следна статија

ЦИВИЛ: Слободата на Украина значи слободата на Европа, на светот!

Најново од Вести