Проф. д-р Ангел Димитров: Инцидентот во Охрид е брутален акт на омраза

/

Претседателот на бугарскиот дел од Заедничката историска комисија проф. д-р Ангел Димитров го определи како брутален акт на омраза вчерашниот инцидент во Охрид, кога беше нападнат клубот „Цар Борис Трети“.

Пред почетокот на денешната средба на Комисијата во македонското МНР, Димитров пред медиумите изјави дека инцидентот не треба да се коментира и дека инцидентите влијаат на билатералните односи на двете држави, а не на работата на комисијата, јавува Слободен печат.

„Инцидентите влијаат на билатералните односи, но не и на работата на историската комисија. А синоќешниот инцидент не треба да се коментира. Тоа беше брутален акт на омраза“ – изјави Димитров, одговарајќи на новинарско прашање.

Тој не сакаше да говори за работата на комисијата, а единствено што кажа е дека немало напредок, а дали ќе има денеска, „ќе видиме“.





Претходна статија

МНР на Бугарија ќе ја повика амбасадорката на РСМ во Софија, Брисел е информиран за вооружениот напад на бугарскиот клуб во Охрид

Следна статија

„ХаХаХа ИмПро театар“ со нова премиера во Бугарија

Најново од Вести