| |

Национална кампања „Следи го патот на виното“ ќе ја промовира Бугарија како винска дестинација

Министерството за туризам на Бугарија, во соработка со Бугарската асоцијација на вински професионалци, Бугарската организација за вински туризам и Бугарската телеграфска агенција, ја претстави националната кампања „Следи го патот на виното“ / „Wine leads the way“, јавува БГНЕС.

Иницијативата има цел да го промовира винскиот туризам и да изгради современ имиџ на Бугарија како атрактивна винска дестинација која обединува култура, традиции, гастрономија и уникатни искуства, соопштија од прес-центарот на Министерството за земјоделство.

„Бугарија има сите предуслови да стане препознатлива винска дестинација – со уникатни сорти, илјадници години винска историја и богат културен контекст. Со оваа кампања целиме не само да го прикажеме нашето наследство, туку и да го претвориме во двигател за нови инвестиции, развој на регионите и привлекување туристи од целиот свет,“ изјави министерот за туризам Мирослав Боршош на презентацијата на иницијативата.

Слични Објави