БЕЗ ТЕСТ ЗА КОРОНА И КАРАНТИН ЌЕ МОЖЕМЕ ДА ПАТУВАМЕ САМО ВО СРБИЈА, АЛБАНИЈА И ВО КОСОВО
Само во Србија, Албанија и во Косово од соседните земји ќе може да патуваат македонските државјани без да направат PCR тест за коронавирус и да не бидат сместувани во карантин.
Албанија со одлука на тамошната влада границата за странски и домашни државјани ја отвори на 1 јуни, при што не се предвидени посебни протоколи, освен вообичаените мерки за носење заштитна маска и одржување физичка дистанца.
За влез во Србија, од 22 мај нема потреба од негативен тест на коронавирус или посебна дозвола, како за домашните, така и за странските државјани.
Косово ги отвори границите за сите соседни земји, за домашните и за странски државјани. Не е потребен тест ниту карантин, или самоизлоација при влез во земјата. Се врши само проверка на температурата на лица по случаен избор од страна на здравствен тим.
