Пожар во кругот на Цементарница Усје во Кисела Вода

/

Пожар избувна во кругот на Цементарница Усје во Кисела Вода, потврдија за МИА од Противпожарната бригада на Скопје.

Командирот на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје, Ѕвонко Томески изјави дека интервенцијата е во тек. На терен се испратени две возила и девет пожарникари.



Пожарот е пријавен околу 12 часот, а причина за пожарот најверојатно е дефект на електрична инсталација.



Претходна статија

Полицијата влета во „дива трка“ на скопска улица и одзеде шест автомобили

Следна статија

1000 години бугарска меморија: Гробот на царот Самоил на островот „Св Ахил“

Најново од Вести