|

Ердоган: Европа ја чека тешка зима

Се очекува европските земји да се соочат со сериозни тешкотии оваа зима поради ограничувањата за испорака на гас од Русија, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на состанокот со членовите на Турската младинска фондација (ТУГВА) во Истанбул.

„Сега сите во Европа се прашуваат како ќе ja поминaт оваа зима“, рече тој.

Ердоган нагласи дека Турција нема да има проблеми со енергетските ресурси оваа зима.

Во врска со руско-украинската војна, турскиот претседател рече дека Анкара во моментов игра водечка улога во напорите за мирно решавање на конфликтот меѓу Москва и Киев.

Слични Објави