Американскиот амбасадор во Бугарија: Во ноември во Бугарија ќе пристигне голема бизнис делегација од САД
Американската амбасада беше среќна да виде стабилна бугарска влада која работи на постигнување придобивки за бугарските граѓани заедно со партнерите од ЕУ и НАТО. Во овие тешки времиња, ова е особено важно. Благодарение на стабилната влада, во ноември во Бугарија ќе пристигне голема бизнис делегација од САД, најави американскиот амбасадор Кенет Мертен во интервју за бугарската приватна Нова телевизија.
Тој изјави дека ја разбира улогата што Русија ја имала за Бугарија во минатото.
„Но, мојата работа овде е да се фокусирам на сегашноста и иднината. Верувам дека Бугарија во последните години донесе голем број одлуки за влез во ЕУ и НАТО. Верувам дека повеќето Бугари разбираат дека иднината на младите е ориентирана кон европските партнери или Северна Америка. Не верувам дека има многу луѓе кои ја гледаат Русија како економска или политичка иднина на Бугарија“, рече американскиот амбасадор.