ЈОРДАНОСКИ (ГДУ-ОХРИД): ДИРЕКТОРКАТА НА ЈП БИЛЈАНИНИ ИЗВОРИ ИЗВРШИЛА ПРИТИСОК ВРЗ РАБОТНИК, ЗА ДА ИЗЛЕЗЕ НА ГЛАСАЊЕ, ТАА ТРЕБА ДА СИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА

Претседателот на локалниот клуб на Граѓанско Демократска Унија во Охрид, Даниел Јорданоски во изјава за нашиот портал го искоментира случајот со избрканиот работник од ЈП Билјанини извори, кој добил пријателско потсетување од страна на директорката на претпријатието Јованоска до вработениот Борче Музуроски, неговата сопруга да излезе на гласање за време на локалните и претседателските избори во овој град.

„Од демантот на директорката на ЈП Биљанини Извори објавен во локалните охридски медиуми разбрав дека, таа само од почит ја побарала сопругата на нејзиниот вработен да гласа и тоа баш на денот на избори. Замислете колку многу го испочитувала кога на самиот ден на избори му дава информации дека од избирачкото место укажуваат дека неговата сопруга гласала. Кој не би посакал да имам ваква директорка? Грижата и почиттта кон вработените е најважна.“, вели за нашиот портал, претседателот на локалниот клуб на ГДУ во Охрид, Даниел Јорданоски.

Јорданоски ја потсетува г-ѓа Јованоска дека потврдувањето на автентичноста на нејзиниот разговор со Мурџоски е постапка за која се одговара.

„Би сакал да ја потсетам директорката дека постои изборен законик. Дали знае дека со потврдувањето на автентичноста на разговорот потврдува и изборно влијание? Дали знае дека за оваа постапка се одговара? Изгледа знае, но се прави дека не разбира! Очигледно сакајќи да ја дефокусира јавноста го нападна човекот, кој работел 9 години и токму после избори направил прекршок на работното место и не му би продолжен договорот“- додава Јорданоски.

Според првиот човек на ГДУ во Охрид намерата на Јованоска да изврши притисок врз вработениот е јасна, но додава дека таа и покрај тоа не планира да подаде оставка.

„Јасна е намерата и уште појасни се и постапките, но очигледно директорката нема намера да си поднесе отставка и не гледа тука ништо лошо. Тешко на вработените со ваков директор„ – изјави за нашиот портал претседателот на ГДУ-Охрид, Даниел Јорданоски.