| |

АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ: КОАЛИЦИЈАТА ВМРО-ДУИ СÈ УШТЕ ФУНКЦИОНИРА

„Почитуван премиер, не знаеме која е вистината во изјавата на Блерим Беџети во неговите тврдења дека вие сте побарале помош од него, за да влијае во разрешувањето на Јово Вангеловски.

Веруваме дека ги слушнавте бомбите кои сами ги објавивте, како тој, заедно со челниците на ВМРО, инсталираа партиски судии и обвинители кои беа во служба на режимот ВМРО-ДУИ.

Парадоксално е Вие да побарате негова помош и на ДУИ за да го реформирате правосудниот систем, токму од оние кои ја доведоа правдата во мизерна состојба, без трунка доверба и кредибилитет.

ДУИ продолжува да ги брани сите функционери на ВМРО и незјините блиски луѓе, што нѐ тера да сфатиме дека оваа коалиција е сè уште жива, исто како што беше некогаш. Таа коалиција не дозволија да му се одземе мандатот на Трајко Веjanановски за случајот 27-ми април, исто како и пред неколку дена кога не дозволија да биде разрешен претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски“, се стои во реакцијата на Алијансата за Албанците.

Слични Објави