| |

ЛЕКАРОТ ВЕЛИ ДЕКА ПРЕГЛЕДОТ НА ТРАМП БИЛ РУТИНСКИ

Лекарот на Доналд Трамп изјави дека ненајавената посета на американскиот претседател во текот на викендот во Националниот воено-медицински центар „Волтер Рид“ била рутинска, планирана меѓуконтрола.

Ненајавеното заминување на Трамп во болница предизвика сомневање за неговата здравствена состојба, и покрај тоа што официјалните претставници на Белата куќа инсистираат на тоа дека тој само ги започнал годишните здравствени прегледи порано од вообичаено.

Шон Коли, офицер на морнарицата и лекар на претседателот, изјави дека Трамп немал болка во градите, ниту бил прегледан или лекуван поради какви било итни или акутни проблеми.

Тој додаде дека Трамп не бил подложен на никакви специјалистички кардиолошки или невролошки прегледи.

Лекарот не зборуваше за деталите, освен што изјави дека вкупниот холестерол на Трамп е 165 милиграми на децилитар – што се смета за пожелно ниво.

Извор: Макфакс

Слични Објави