|

Бугарија не ја менува позицијата во однос на РС Македонија и ЕУ

Нема промена во позицијата со Бугарија во однос на стартот на преговорите на РС Македонија со ЕУ, станува јасно од денешната Седница на Советот за општи прашања. Постојаниот претставник на Бугарија во ЕУ Румен Александров подвлекол дека РС Македонија не ги покрива критериумите за одржување на првата меѓувладина конференција, јавува БГНЕС.

Александров додал дека во последните неколку месеци Бугарија предложила неколку варијанти за решавање на отворените прашања како гаранции за правата на луѓето со бугарска самосвест и спроведување на Договорот за добрососедство и соработка.

„Нашите партнери од РС Македонија треба да преземат конкретни обврзувачки ангажмани во најбрзо време а останатите да станат дел од идната преговарачка рамка. Додека тоа не се случи нема како да се очекува напредок за процесот на проширување со РС Македонија.“



Слични Објави