| |

ПЕТАР БОГОЈЕСКИ : ВМРО ДПМНЕ ЌЕ ИЗЛЕЗЕ СО СВОЈ СТАВ

Петар Богојески во своето гостување во емисијата Само Вистина на Канал 5 телевизија на прашањето за ставот на ВМРО ДПМНЕ по повод референдумот, изјави дека тоа се анализира внатрепартиски и наскоро ќе се излезе со став. Тој потсети дека референдумот како дел од процесот за решавање на спорот за името за да се чуе гласот на народот го има предложено токму ВМРО ДПМНЕ, но исто така ВМРО ДПМНЕ е и против уставни промени кои се наметнети со ова решение. Воедно за  крај нагласи дека во десницата одлуките се носат индивидуално, односно секој десничар според своите убедувања ќе донесе своја одлука на референдумот а партиското раководство може само да апелира но не и да донесе одлука за целото членство.



Слични Објави