Николов: Ако власта сакаше Клинички центар, требаше да го изгради тој што го остави ВМРО-ДПМНЕ со готов проект и обезбедени финансиски средства

//

Доктор Игор Николов претседател на Републичката Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисијата „Жешко политичко лето“ на Канал 5 телевизија, истакна дека доколку СДСМ сакаа да изградат Клинички центар тогаш ќе го изградиле тој што им го остави претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ за која имало обезбедено и финансиски средства и проект.

„Доколку актуелната влада работеше и сакаше да направи Клинички центар ќе го направеше тој и сега ќе зборувавме за вториот Клинички центар каде ќе биде. Простор за компромис постои, но проблемот е во повеќе работи. Прво во финансирањето, второ во  локацијата и трето во обезбедување на доволно персонал кој што таму ќе работи“, вели Николов.



Претходна статија

Олабавени антиковид мерките за граѓаните на САД кои патуваат во Северна Македонија

Следна статија

Дополнителни 1.100 лица ќе бидат опфатени со новиот Предлог-закон за стечајците

Најново од Вести