|

Дополнителни 1.100 лица ќе бидат опфатени со новиот Предлог-закон за стечајците

Со измените коишто ги усвои Владата на денешната седница, 1.100 стечајци кои ќе добијат можност да остварат месечен надоместок во износ од 9.242 денари, односно 34% од просечната месечна нето плата исплатена по работник претходната година.„Уште во првиот мандат од 2017 година, оваа Влада со неколку законски решенија обезбеди финансиски надомест за невработените лица чијшто работен однос престанал поради стечај, ликвидација и технолошки вишок, односно на стечајците. Со овие законски решенија беа опфатени 11.420 наши сограѓани.Со последната измена речиси 13.000 лица ќе добиваат материјален надоместок до вработување или до пензионирање“ рече премиерот Зоран Заев.

Слични Објави