Бугарскиот театар „Хенд“ ќе настапи со „Шекспир X 5“ на Edinburgh Festival Fringe
Бугарија ќе биде дел од Edinburgh Festival Fringe, најголемиот фестивал за сценски уметности во светот. Пловдивскиот театар „Хенд“ ќе се претстави со претставата „Шекспир X 5“, јавува Радио Бугарија.
„За нас ова учество е признание за патот што го изодевме низ годините и можност да го претставиме современиот бугарски независен театар пред публика од целиот свет. Од 7 до 30 август ќе одиграме 24 претстави, секој ден од 11:30 часот, во Zoo Venues – Playground 1, еден од најпрестижните и најетаблирани простори на Edinburgh Fringe“, соопшти трупата на Фејсбук.
Учеството на трупата е поддржано од Општина Пловдив, деловната заедница во градот, Конзулатот на Бугарија во Единбург и други партнери.

