| |

Дакота Дичева се врати во ММА со 16-та победа во исто толку професионални борби

Бугарката Дакота Дичева се врати успешно во ММА борбите, забележувајќи ја својата 16. победа во вкупно 16 професионални настапи, пренесува „sportal.bg“.

Дичева ја совлада Дениз Килхолц со едногласна судиска одлука во главната воведна борба на настанот организиран од Professional Fighters League во арената UBS во Њујорк.

Дичева се врати во кафезот по пауза од нешто повеќе од една година. Во јули минатата година таа ја скрши раката во борбата против Сумико Инаба, по што мораше да биде оперирана и да мине низ долг период на закрепнување.

Иако е родена и израсната во Манчестер, Велика Британија, Дакота редовно ја истакнува својата силна поврзаност со Бугарија. Нејзиниот татко, Иво Дичев, потекнува од Самоков, а спортистката често нагласува дека дисциплината и борбениот дух ги наследила од своите бугарски корени.

При настапите таа ги развева и британското и бугарското знаме. На социјалните мрежи објавува и содржини со природните убавини на Бугарија, секојдневниот живот во земјата и рецепти од бугарската кујна.



Слични Објави