| |

Бугарската амбасадорка во Ирска Вања Андреева-Малакова доби почесна грамота за поддршката на бугарските училишта во странство

Бугарската амбасадорка во Ирска, Вања Андреева-Малакова, беше одликувана со почесна благодарница за нејзиниот придонес и поддршка во развојот на бугарските училишта во странство и зачувувањето на бугарскиот национален идентитет, соопшти Амбасадата на Бугарија во Ирска на својата страница на Фејсбук, пренесува БТА.

Амбасадорката Андреева-Малакова била номинирана од Бугарската асоцијација за образование „Рајна Кнегиња“ во Ирска.

„Високо го цениме признанието на Асоцијацијата на бугарските училишта во странство (АБУЧ) за работата на амбасадорката Вања Андреева-Малакова и на Амбасадата на Бугарија во Даблин во поддршката на бугарските училишта во странство и зачувувањето на бугарскиот идентитет“, соопштија од дипломатското претставништво на Бугарија.

Од Амбасадата ѝ се заблагодарија на Асоцијацијата на бугарските училишта во странство за нејзините напори во поддршка на бугарските училишта ширум светот. Благодарност беше упатена и до Бугарската асоцијација за образование „Рајна Кнегиња“ за иницијативата и номинацијата, кои беа оценети како израз на споделена одговорност кон заедничка кауза.

„Бугарските училишта во странство се важни и инспиративни заедници што ги зачувуваат јазикот, културата и врската со Бугарија, без оглед на оддалеченоста“, се наведува во објавата.

Дипломатското претставништво го оцени како чест партнерството со бугарските училишта и поддршката на нивната мисија.

„Го примаме признанието со искрена благодарност и како инспирација да ја продолжиме заедничката работа со бугарските неделни училишта во Ирска“, додадоа од Амбасадата.

Слични Објави