ПРЕСТРЕЛКА ВО ТЕТОВО, ТРИ ЛИЦА ПРЕНЕСЕНИ НА КЛИНИКИТЕ ВО СКОПЈЕ
Три лица се повредени во престрелка во Тетово и поради сериозноста на повредите пренесени на комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Двајца имале прострелни рани во абдоменот, а едниот поради тешките повреди на главата се наоѓа во кома центарот на Клиниката за неврохиругија. Од Ургентиот центар за МИА изјавија дека двајцата со повреди на абдоменот се оперирани и се во стабилна состојба. Се наоѓаат на Одделот за интензивно лекување. МВР засега не соопштува детали за случајот. Повеќе информации најавува за подоцна. (МИА)
Извор: Civilmedia

