ПЕТАР КОЛЕВ: НЕ СЕ ЗАТСКРИВАЈТЕ ЗАД ЕВРОПСКАТА ИДНИНА НА МАКЕДОНИЈА!

//

На својата официјална Facebook страна, претседателот на Граѓанско Демократската Унија, Петар Колев, објави:

„Единственото убаво нешто според мене од оваа лоша идеjа на Владата за славењето низ градовите е тоа што ќе влезе некој денар во џебот на македонските пејачи и групи. Претходната Влада се „утепа“ давајќи пари за разни пастрмајлијади, пивофестови, концерти и слави на изведувачи од странство. Не е лошо Министерството за култура и актуелната Влада да помислат како да им помогнат на македонските артисти. Музиката и културата се дел од нашиот идентитет нели?!

Се надевам дека после оваа бурна веселба ќе сфатиме сите дека треба да се завртат ракавите и да почне да се работи. Реформите кои се потребни од условите за почеток на преговори со ЕУ нема кој друг да ни ги направи. Не чека и референдум на кој граѓаните ќе си го кажат своето мислење каде одговорност на сите и особено на Владата е тие да можат да направат информиран избор. Не чекаат проблемите со ДИК, реформите во правосудството, битката со корупцијата итн.
Ние како одговорни опозиционери ќе ве критикуваме за секоја лоша идеја и незавршена работа, а вие како власт место да ни фингирате манипулации, просто поправете си ги грешките. Само така Македонија ќе оди напред!

И кога сме кај грешките, што направивме со патните трошоци на пратениците?! Гледам пак сме испишале европски успеси или?! Тоа кога мислите да престане?



Дали господинот Поповски сфати дека направил грешка со криењето на информации и мисли ли да поднесе оставка?! Или и вие како вашите претходници ќе се потпирате на поговорката „секое чудо за три дена“ па и ова ќе помине, ќе се заборави?!
Решете ги овие прашања и ќе не убедите дека верувате во европските вредности а не дека само се затскривате зад европската иднина на Македонија.“



Претходна статија

ПРЕСТРЕЛКА ВО ТЕТОВО, ТРИ ЛИЦА ПРЕНЕСЕНИ НА КЛИНИКИТЕ ВО СКОПЈЕ

Следна статија

ВМРО-ДПМНЕ: ЗАЕВ И СДСМ ДОБИЈА ЕДНО ГОЛЕМО НЕ ОД НАРОДОТ ЗА НИВНИТЕ АНТИДРЖАВНИ ПОЛИТИКИ, НЕСПОСОБНОСТ И РАСИПНИШТВО

Најново од Вести