|

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ СО КИЛАВАТА ДИПЛОМАТИЈА НЕ МОЖЕ ДА ГИ РЕШИ ПРАШАЊАТА ОД НАЦИОНАЛЕН ИНТЕРЕС

Жалосно е што Зоран Заев и Владата води двојна политика или политика на двојни стандарди, велат од ВМРО-ДПМНЕ коментирајќи ги најавите на Бугарија дека ќе стави вето за Македонија за почеток на преговорите со ЕУ.

„Тука нас во Македонија не лажат дека ги бранат националните интереси, а во договорите со Софија водат политика на свиткана кичма и со помош на килавата дипломатија не можат да ги разрешат прашањата кои што се од национален интерес“, рече Стефан Андоновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој рече дека ВМРО-ДПМНЕ како свој стратешки интерес и стратешки интерес на Македонија го гледа пристапувањето кон ЕУ, но дека не смее тоа да се случи врз основа на газење на сите македонски национални интереси.

„Ќе ве потсетам дека Заев убедуваше дека сите прашања со соседите се затворени, имаме одлични добрососедски односи, а пред некој ден дознавме дека има 7, или 8 прашања кои што се затворале последната недела без македонската јавност да знае И затоа претседателот Мицкоски рече а и еве ја користам оваа можноста да го потенцирам нашиот став, дека доколку се стигне до договор кои што ги гарантира македонските национални интереси ние ќе бидеме први кои што тој договор ќе го поддржиме. Но, ако тие македонски национални интереси се срушат и се поигрува со македонскиот јазик, најголемите македонски херои, македонското малцинство во Бугарија, на Заев и оваа власт ќе им се случи народ“, рече Андоновски.



Слични Објави