| |

(ВИДЕО) ЗАХАРИЕВА: БУГАРИЈА И САД НЕМААТ РАЗЛИЧЕН СТАВ ВО ОДНОС НА ВЛЕЗОТ НА Р.С.МАКЕДОНИЈА ВО ЕУ

Министерката за надворешни работи на Р. Бугарија Екатерина Захариева изјави дека Бугарија и САД немаат разлики во однос на прашањето Република Северна Македонија да стане дел од ЕУ. Шефицата на бугарската дипломатија во утринската програма на Нова тв истакна дека нема никаква разлика меѓу тоа што го сака администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден и ставовите на Бугарија.

„Нема да се реши сè отворено од денеска за утре, работите се многу комплицирани, емотивни итн. Ние баравме да се превземат неколку конкретни чекори, пред одобрувањето на преговорната рамка. Бугарија кажа да за старт на преговорите во март минатата година, во таа одлука има услов- осетливи резултати во спроведувањето на двата договора, едниот е Договорот од Преспа, другиот е нашиот. “, изјави Захариева.

Таа истакна уште дека се работи на план спроведување на договорот повика на внимателност во изјавите што доаѓаат од двете страни на границата и додаде дека секогаш кога власта во Р.С. Македонија добиела поддршка од бугарска страна, прекинувала да ги исполнува своите обврски од Договорот за добрососедство.

„Ние не можеме да си ги затвораме очите пред фактот дека Р.С.Македонија секогаш кога ќе ја добие нашата поддршка, например за НАТО, веднаш почнува да не го спроведува тоа што е договорено од двете страни“, изјави Захариева.



Слични Објави