(ВИДЕО) ЌЕ СЕ НАЈДЕ ЛИ ЈУНАК ДА ГО ДЕМАНТИРА СТАВОТ НА ДИМИТАР ВЛАХОВ ДЕКА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ БИЛ БУГАРИН ПО НАРОДНОСТ?!
„Делото на Каравелов, Ботев и Левски, ослободувањето на целата бугарска татковина преку револуција, беше спречено, ако не случајно, барем многу неочекувано. Знамето на старите бугарски револуционери требаше да биде земено и развиорено на македонско тло. Трескавата бунтовна работа што следеше го направи целиот народ моќна револуционерна организација. Илјадници слики на воини кои загинаа во својата процутена младост, блескаат со неизвесниот сјај на несебична саможртва. Меѓу нив секогаш првото место ќе зазема, ликот на човекот кој еден ден ќе биде најдобрата биографија – обемната историја на македонското револуционерно движење од почетокот досега. Името на овој човек е насловот на нашата книга “.
„Гоце Делчев“, П.К. Јаворов 1904 г.
Ова е најавата за емисијата „Историја.бг“ на Бугарската национална телевизија посветена на Гоце Делчев. Во емисијата прикажана синоќа е цитиран Димитар Влахов, сограѓанин на Гоце Делчев и еден од создателите на АСНОМ-ска Македонија:
„Гоце Делчев беше Бугарин по народност. Тој се учеше во бугарски училишта- Кукуш, Солун, Софија. Макар во последните две училишта Гоце да беше воспитуван во еден теснограден национализам, Гоце гледаше на сите Македонци како на свои браќа. Тој се бореше за ослободувањето на не само Македонците-Бугари, но и на сите Македонци. Тој не се бореше Бугарите во Македонија да станат владеачка нација, а тие и другите народности во Македонија-слободни…“.

