| |

АМБАСАДОРОТ НА Р. БУГАРИЈА АНГЕЛ АНГЕЛОВ ЈА ПОСЕТИ БИГОРСКАТА СВЕТА ОБИТЕЛ

Амбасадорот на Р. Бугарија Ангел Ангелов заедно со аташето за култура Петар Петров денеска ја посетија Бигорската Света Обител.

„Во духот на манастирското гостопримство, амбасадорот и аташето беа пречекани од нашиот старец и игумен, Епископот г. Пратениј, кој ги запозна гостите со евангелската мисија на нашето братство. 

На средбата беше разговарано и за моменталната состојба на меѓусебните односи помеѓу двете држави, при што сите ја истакнаа неопходноста од поголемо братољубие, почит и доверба меѓу православните братски народи, согласно христијанската доктрина за љубовта.

Г. Ангелов од своја страна му честиташе на Старецот за хиротонијата во Епископ и му се заблагодари за топлиот пречек, посакувајќи му понатамошно благоуспевање во неговата пастирска дејност“, се вели во соопштението на Бигорски манастир.



Слични Објави