|

Спасовски за отказите: Тошковски удри по професионалците во МВР, ова е само за да се затскрие настанот со бомбата во Керамидница

Го гледаме класичниот пристап на партизација на ВМРО-ДПМНЕ, се врши дискриминација и тоа не по политичка основа затоа што полициските службеници не може да бидат членови на политички партии туку дискриминација само заради тоа на кои позиции биле и во чие време биле на позиција. Единствено логично објаснување на ваква состојба е само да се задскрие настанот којшто беше со бомбата во Керамидница, истиот ден да се објави друга вест, вели Оливер Спасовски, координатор на пратеничката група на СДСМ.

„Апсолутно е недозволено да овие луѓе бидат понижени, иако досега не биле ниту казнувани ниту дисциплински гонети, сите се со Сертификати, некои од нив имаат и НАТО сертификати и сосема совесно, чесно и одговорно ја вршеле својата работа. Недопустливо е на ваков начин да се врши таков притисок и сеење на страв кај сите вработени во МВР преку ваквите случаи. Ќе направам само споредба. Се сеќавате сите на случајот кога тогашниот телохранител на Мицкоски, Бисовки, нападна политиски инспектор со цел да спречи акција за спречување трговија со дрога, во Скопје. За истиот тој полициски службеник иако беше поднесена кривична пријава, иако има снимка на очите на целата македонска јавност дека напаѓа полициски службеник, истиот министер, него го ослободува од било каква одговорност а на тој начин му овозможува да биде унапреден и да биде дел од најелитната единца, Тигар“, посочи Спасовски.

Спасовски осудува ваков пристап и смета дека не треба во ниту еден момент да се удира врз професионалците во МВР и во безбедносните институции.

Петнаесет високи полициски функционери добија решенија за отказ бидејќи работеле спротивно на законот и нелегално издавале дозволи за поседување на оружје, обелодени министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.

Министерот на денешната прес-конференција рече дека лично до него и кабинетот стигнале претставки од граѓани за начинот на кој во МВР биле спроведувани постапките за издавање на дозволи за поседување на оружје.



Слични Објави