|

Во Софија ќе се одржи марш за поддршка на Украина

„На денот на којшто се навршува еден месец од почетокот на руската воена инвазија на Украина, во Софија ќе се одржи мирен марш за поддршка на Украина“, пишува Дневник.бг.

Нејзината почетна точка е Плоштадот на независноста во 18:30 часот, со повикот – „Пријатели, време е Бугарија да излезе на голем марш за поддршка на суверена Украина!“. Настанот е организиран на Фејсбук од неколку волонтери. Поворката ќе стигне до Орлов мост каде се очекува да заврши до 20:30 часот.

Во четвртокот, неколку часа пред почетокот, повеќе од 3.000 луѓе потврдија дека ќе се приклучат на маршот. Организатори се неколку волонтери кои беа мотивирани од фактот дека гласот на проруските партии и нивните активисти во Бугарија се покажа посилен од оној на луѓето кои ја осудуваат војната и постапките на Владимир Путин.

Целиот напис прочитајте го овде.

Слични Објави