| |

Литургија за Божик во Железната црква Св. Стефан во Истанбул

Света литургија за Божик се одржа во бугарската црква Св. Стефан позната уште како Железната црква во Истанбул. Литургијата ја отслужи светозагорскиот митрополит Кипријан и претставник на Вселенската патријаршија.
Тоа е првата литургија по почетокот на пандемијата на Ковид 19. Заедницата на цариградските Бугари се собра во храмот кој што беше реставриран и отворен повторно во 2017 година.
Св. Стефан е единствената железна црква во светот и еден од најзначајните бугарски споменици на архитектурата и културата. Пред таа да биде изградена во 19 век на нејзино место постоел храм од дрво.

Слични Објави