Фолклорна група “Леб и сол“ во Даблин ќе ја представи врската на Џејмс Баучер со Бугарија
Бугарската фолклорна група за народни танци „Леб и сол“ од Даблин, Ирска, ќе биде организатор и домаќин на настани кои се дел од Историскиот фестивал во градот (Dublin Festival of History), јави БТА.
„Историскиот фестивал е годишен настан што ги обединува љубителите, стручњаците и организациите околу историјата. Минатата година учествувавме за првпат со едночасовна презентација, која даде синтетизирана слика за историските врски меѓу Ирците и Бугарија. Тогаш на гостите им го претставивме и дел од нашиот фолклор – имаа можност да видат две народни носии и да ги научат чекорите на неколку ора“, изјави раководителот на формацијата, Слави Бегов.
Оваа година танцовото здружение реши во рамките на фестивалот да ја претстави личноста и дејноста на Џејмс Баучер и неговото значење за Бугарија.
Настанот ќе се одржи на два датума – 26 септември и 3 октомври, во истата сала во даблинската населба Сантри, каде што групата „Леб и сол“ ги организира своите проби.

