Бугарските археолози открија и дешифрираа натпис со важна информација за Хераклеја Синтика
При археолошките ископувања во античкиот град Хераклеја Синтика, археолозите открија камен со натпис кој веќе е дешифриран од доц. д-р Николај Шаранков од Софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“, соопштија од Archaeologia Bulgarica, пренесува БГНЕС.
На плочата пишува: „Градскиот совет (го издигна) овој споменик за Панклид, синот на Зоил“. Првичната датировка е од II–I век пред нашата ера.
„Веројатно станува збор за оддавање чест на добротвор на градот, но засега немаме дополнителни податоци за него,“ изјави раководителот на ископувањата проф. д-р Људмил Вагалински од Националниот археолошки институт со музеј при БАН.
Тој нагласува дека откритието е значајно бидејќи го потврдува успешниот развој на Хераклеја Синтика во турбулентниот период од доцната Римска република, обележан со воспоставувањето на римската власт во регионот, со повремени непријателски напади и со тешка граѓанска војна.

