| | |

(Видео) Објавен е тизерот на играниот филм „Гунди-легенда за љубовта “, кој раскажува за бугарската фудбалска легенда Георги Аспарухов-Гунди

Екипата на долгометражниот филм „Гунди – легенда за љубовта“ прикажа први кадри од приказната за една од најголемите бугарски фудбалски легенди – Георги Аспарухов-Гунди. Краткиот тизер и официјалниот постер на лентата веќе се готови.

Врз основа на реални настани и раскажана благодарение на режисерот Димитар Димитров, сценаристот Емил Бонев и снимателот Борис Славков, романтичната приказна на Георги Аспарухов-Гунди (Павел Иванов) и неговата сопруга Величка Маркова-Лита (Александра Свиленова) ќе оживее на големиот екран во 2024 година.

„Исклучително сме горди и среќни што сега можеме да ги прикажеме првите кадри од филмот за кој сонувавме долги години. Благодарение на брилијантниот тим од професионалци зад оваа голема продукција, првиот официјален тизер е реалност. Со ова временската машина се врти и не враќа на малку познати факти и стории за личноста на овој легендарен бугарски фудбалер кој беше инспирација за целата нација“, велат продуцентите Иван Христов и Андреј Арнаудов.

Улогата на Марија (мајката на Гунди) ја толкува Параскева Џукелова, а Александра Костова ќе ја игра Лидка (сестрата на Георги Аспарухов). Емил Марков ќе ја толкува улогата на патријархот на семејството Маркови – арх. Марков (таткото на Лита) а Билјана Петринска ќе ја толкува улогата на Марена (мајката на Лита). Клучна улога е и улогата на Стојан Радев, кој од првите денови во професионалниот фудбал секогаш ќе биде на теренот покрај Гунди.

Како што напиша БТА, постпродукцијата и монтажата на филмот се очекува да траат неколку месеци, а делото ќе ја има својата премиера во 2024 година.

Слични Објави