|

ЗАОСТАНАТИТЕ ДОЛГОВИ КОН ВРАБОТЕНИТЕ ОД ЕУРОКОМПОЗИТ ЌЕ БИДАТ НАДОМЕСТЕНИ

Владата на Република Македонија на својата 148-ма седница, која се одржа вчера го усвои и достави до Собранието Предлог Законот за претворање на побарувањето на Република Македонија по основ на јавни давачки во траен влог во Друштво за производство на производи со посебна намена „11 Октомври – Еурокомпозит АД“ Прилеп со кој се исполнуваат барањата на поранешните и сегашните вработени на ова претпријатие во државна сопственост.

Со тоа ќе бидат надоместени заостанатите долгови по однос на придонес за пензиско и инвалидско осигурување на вработените и сегашни и поранешни вработени ќе можат да го остварат правото на пензија согласно минатиот труд.

Законот е доставен до Собранието на Република Македонија и во согласност со агендата на Собранието, очекуваме да биде усвоен во што е можно покус временски рок, се вели во соопштението на Владата.

Слични Објави