КОЧАН НЕ СЕ ПОЈАВИЛ ВО ИДРИЗОВО, АКО НЕ ГО НАПРАВИ САМ, ЌЕ БИДЕ ДОНЕСЕН СО ПОЛИЦИСКА ПРИДРУЖБА

//

Осудениот бизнисмен Сеад Кочан утрово не се појавил во затворот во Идризово. Кривичниот совет при Основниот кривичен суд-Скопје веќе ја одби жалбата на Кочан, кој бараше одлагање на затворската казна.

Според неофицијални информации Кочан се наоѓа на лекување во приватна болница. Според извори од Кривичниот суд, решението за издржување на затворската казна веќе му е врачено на бизнисменот.

Според законските одредби, ако Кочан не се јави итно во затвор, судијата за извршување на санкции ќе треба да испрати во МВР наредба за стражарно приведување на осудениот бизнисмен, по што со полициска придружба ќе треба да биде спроведен во затвор. 





Претходна статија

ВИДЕО: НИШАЛКИ НА ЅИДОТ НА ТРАМП – ДЕЦАТА ОД ДВЕТЕ СТРАНИ НА ГРАНИЦАТА ЗАЕДНО ИГРААТ

Следна статија

ЗАОСТАНАТИТЕ ДОЛГОВИ КОН ВРАБОТЕНИТЕ ОД ЕУРОКОМПОЗИТ ЌЕ БИДАТ НАДОМЕСТЕНИ

Најново од Вести