|

Започна кревањето на уникатниот археолошки наод кај Тополовград

Започна кревањето на уникатниот наод од гробот на тракијскиот воин, кој археолозите го открија пред неколку дена кај Тополовград, јави дописникот на БГНЕС од регионот.

Првиот кренат артефакт е златен ѓердан со уникатна плетенка, а потоа златна нараквица со истата декорација.

Наодот е пронајден во село Капетан Петко војвода од група археолози предводени од Даниела Агре. Според неа, пронајденото е вредно не само за Бугарија, туку и за цела Европа.

Археолозите откриле тракијски аристократ во римска служба – постар воин. Неговата позиција била одредена со откривањето на златен ѓердан, златна дијадема, златен прстен, нож украсен со златни елементи и полускапоцени камења.

При ископувањата биле откриени и многубројни оружја: меч,  разни видови ножеви и копја. До него е закопан неговиот коњ, а телото е украсено со златна апликација.

Фото: БГНЕС



Слични Објави