| |

Сатиричниот театар „Алеко Константинов“ од Софија со претстава на „Денови на комедијата 2026“ во Куманово

Сатиричниот театар „Алеко Константинов“ од Софија на 29 септември ќе ја претставува Бугарија на Меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедијата 2026“ во Куманово, јавува Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје.

Со почеток во 20:00 часот ќе биде изведена претставата „Кревет за двајца (тотална катастрофа)“, во режија на Калин С’рменов.

Билетите може да се купат на билетарницата на НУЦК „Трајко Прокопиев“ во Куманово.



Слични Објави