|

Ковачевски на средба со потсекретарот за тероризам и финансиско разузнавање во Министерството за финансии на САД, Нелсон

Премиерот Димитар Ковачевски, заедно со амбасадорката на САД, Ангела Агелер, денеска одржаа видео-конференција со потсекретарот за тероризам и финансиско разузнавање во Министерството за финансии на САД, Брајан Нелсон.

– На средбата  главен фокус беше ставен на актуелните меѓународни случувања, спречувањето и сузбивањето на перење пари, информираат од Владата.

Како што соопштуваат, премиерот Ковачевски посочил дека борбата е заедничка и преку партнерскиот пристап помеѓу сите демократски меѓународни партнери, е насочена кон јакнење на отпорноста на нашето општество и целосно сузбивање на влијанието и обидите за дестабилизација.



Слични Објави