Благоевград му оддаде почит на Тодор Александров
Благоевград му оддаде почит на споменот на легендарниот водач на ВМРО Тодор Александров на денот на 99-годишнината од неговата смрт. Ова се случи на комеморативната церемонија пред бистата-споменикот на Александров во паркот пред Судската палата во Благоевград, јавува Бугарското национално радио.
Цвеќе пред споменикот положија заменик-градоначалничката Марија Петрова, регионалниот гувернер на Благоевград Марија Димова, претседателот на Советот на општината Радослав Тасков, претставници на политички партии, членови и симпатизери на ВМРО-БНД, јавни личности и граѓани.
Претседателот на општинската структура на ВМРО во својот говор потсети на животниот пат на Тодор Александров, кој е роден на 4 март 1881 година во штипското село Ново Село, неговата револуционерна дејност и неговиот придонес во возобновувањето и развојот на Внатрешната македонска револуционерна организација како нејзин водач.
Во говорите посветени на Александров беше нагласена неговата цврстина, непопустливост, патриотизам, посветеност и лојалност кон Бугарија и бугарските национални интереси.